Волстрит: Благ пад на индексот, регионалните банки на удар

50

Американските индекси влегоа во новата недела со благ пад, а настан на денот секако беше преземањето на поголемиот дел од активата на First Republic од страна на JPMorgan.
Dow падна за 46 поени, или 0,1 отсто. S&P 500 падна за 0,04%, додека Nasdaq Composite падна за 0,1%.

Акциите на JPMorgan Chase пораснаа за 2,1% откако излезе на врвот како победник на викенд аукцијата за First Republic.  Договорот значи дека JPMorgan Chase, веќе една од најголемите американски банки, ќе стане уште поголема.

Извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, рече дека договорот се однесува на голем дел од падот во банкарскиот сектор кој започна по ненадејниот колапс на банката во Силиконската долина во март.