Волстрит благо падна

На Волстрит вчера берзанските индекси благо паднаа, што најмногу е последица на корекцијата на цените на акциите на неколку технолошки гиганти по минатонеделниот значителен раст. Dow Jones вчера загуби 0,11 отсто, на 36.204 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,54 отсто, на 4.569 поени, а индексот Nasdaq 0,84 отсто, на 14.185 поени.

Падот на S&P 500 и Nasdaq најмногу се должи на падот на цените на акциите на технолошките гиганти, како Apple, Nvidia, Microsoft и Amazon за повеќе од 1 отсто, кои загубија дел од минатонеделните добивки. Освен тоа, нема нови вести кои би го поддржале натамошниот раст на берзанските индекси.

Благодарение на слабеењето на инфлацијата во САД, поради што инвеститорите се убедени дека американската централна банка го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки, индексите во изминатиот месец силно пораснаа. Тие беа поддржани и од надежта на инвеститорите дека ФЕД наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки.

Пад и на европските берзи
Hа повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,22 отсто, на 7.512 поени, а париски CAC за 0,0,18, на 7.332 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,04 отсто, на 16.404 поени.