Волстрит благо порасна, тргувањето претпазливо

15

Индексите на берзата во Њујорк завршија со мешано тргување. Инвеститорите ги следат претстојните деловни резултати и падот на приносите на државните каси, пренесува француската новинска агенција АФП.
Индексот Dow Jones го заврши тргувањето на 34.112,27 поени, што е за 0,12 отсто помалку од вторникот. S&P 500 индексот на 500-те најголеми американски компании е формиран на вредност од 4382,78 поени, што е за 0,10 отсто повеќе од почетокот. Технолошкиот индекс Nasdaq зајакна 0,08 отсто и го затвори тргувањето на 13.650,41 поени.

Во меѓувреме, нафтата поевтини до крајот на тргувањето на берзата во Њујорк. Суровата нафта „West Texas Intermediate“ за декемвриска испорака  достигна на 75,60 долари за барел, што е пад од 1,77 долари во однос на вторникот, додека северноморската сурова нафта „брент“ падна за 1,82 долари на 79,79 долари.

Намалена е и цената на златото, кое на тргувањето на берзата во Њујорк падна за 17,60 долари, или 0,89 отсто до 1.955,90 долари за унца од 31,1 грама.