Волстрит има нова ѕвезда

Индексите на Волстрит силно пораснаа минатата недела, благодарение на разрешувањето на политичкиот метеж околу натамошното задолжување на американската влада, како и зголемените очекувања дека ФЕД ќе паузира со зголемувањето на каматните стапки во јуни, додека најновите податоци од пазарот на труд покажуваат дека постигнато е меко приземјување во најголемата светска економија.

Индексот Dow Jones се зголеми за 2 отсто оваа недела, на 33.762 поени, благодарение на скокот од 2,12 отсто во петокот, што е негова најголема дневна добивка од јануари.

Истовремено, S&P 500 порасна за 1,8 отсто, на 4.282 поени, а индексот Nasdaq за 2,5 отсто, на 13.240 поени. Така, Nasdaq зајакна шеста недела по ред, што е најдолг период на раст на тој индекс на технолошки акции од 2020 година, а исто така го достигна највисокото ниво од април 2022 година.

Доброто расположение на берзата во голема мера придонесе и решавањето на прашањето за продолжување на задолжувањето на американската влада, откако Законот за фискална одговорност беше усвоен без поголеми проблеми во двата дома на американскиот Конгрес.

Исто така, учесниците на пазарот се повеќе се убедени дека ФЕД ќе направи пауза од дополнителното зголемување на каматните стапки во јуни, а можеби и во јули, најмногу благодарение на податоците од американскиот пазар на труд, пренесува SEEbiz.

Nvidia е новата берзанска ѕвезда
А за ѕвездените резултати на технолошкиот сектор, најзаслужна е акцијата на компанијата Nvidia, која кон средината на неделата достигна рекордни 1.000 милијарди долари пазарна вредност, стимулирајќи го растот на целиот технолошки сектор на кој му припаѓа.

Но, растот на цената на акциите на Nvidia од речиси 170 проценти од почетокот на годината покажува со што се соочуваат инвеститорите на пазар на кој доминираат добрите перформанси на компаниите со голема пазарна капитализација додека повеќето други компании не забележуваат такви достигнувања.