Волстрит падна петти ден по ред

6

Вчера на Волстрит индексот S&P 500 падна петти ден по ред бидејќи се појасно стана дека американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки и затоа што деловните резултати на компаниите не се многу импресивни.

Dow Jones зајакна 0,06 отсто, на 37.775 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,22 отсто, на 5.011 поени, а индексот Nasdaq 0,52 отсто, на 15.601 поен.

Индексот S&P 500 вчера падна петти ден по ред, па трета недела по ред е на патот на загубите.

Во претходните пет месеци, најголемата светска берза силно порасна бидејќи инвеститорите очекуваа ФЕД агресивно да ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од јуни.

Сепак, сè појасно е дека централната банка нема да брза со намалување на каматните стапки бидејќи пазарот на трудот е сè уште силен, економијата расте, а инфлацијата и понатаму е висока.

Затоа претставниците на ФЕД велат дека не треба да се брза со намалување на каматните стапки.
Затоа, сега на пазарот на пари се проценува дека има само 15 отсто шанси за намалување на каматната стапка на ФЕД во јуни, а околу 42 отсто во јули.

Под притисок се и индексите поради солидните, но не силни квартални деловни резултати на компаниите и банките.