Волстрит порасна

18

На Волстрит цените на акциите пораснаа во понеделникот, по големиот пад минатата недела, а тргувањето беше претпазливо пред извештајот за инфлацијата и почетокот на сезоната на објавување на кварталните деловни резултати.

Dow Jones зајакна 0,62 отсто, на 33.944 поени, додека S&P 500 порасна за 0,24 отсто, на 4.409 поени, а индексот Nasdaq 0,18 отсто, на 13.685 поени.

Растот на индексот главно се должи на корекцијата на цените на акциите, по остриот пад минатата недела, бидејќи немаше позначајни вести кои би го промениле расположението на пазарот.

Инвеститорите се претпазливи затоа што оваа недела ќе биде објавен извештајот за потрошувачките цени во САД за јуни, кој ќе покаже дали продолжува трендот на намалување на инфлациските притисоци. Од ова ќе зависат натамошните одлуки на американската централна банка за каматните стапки.

Се очекува ФЕД да ги зголеми каматните стапки
На состанокот во јуни, лидерите на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети додека не се види како сегашното заострување на монетарната политика ќе влијае на економијата и на инфлацијата.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,23 отсто, на 7.273 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,45 отсто, на 15.673 поени, а париски CAC зајакна 0,45 отсто, на 7.143 поени.