
На Волстрит берзанските индекси пораснаа втор ден по ред, откако извештајот за потрошувачките цени покажа дека инфлацијата во САД во ноември е во согласност со очекувањата.
Dow Jones зајакна 0,48 отсто, на 36.577 поени, додека S&P 500 порасна за 0,46 отсто, на 4.643 поени, а индексот Nasdaq 0,70 отсто, на 14.533 поени.
Сите три индекси годинава ги достигнаа своите највисоки нивоа, откако извештајот покажа дека инфлацијата се движи во согласност со очекувањата, иако не забележа значително олеснување во однос на претходниот месец.
Потрошувачките цени во ноември пораснале за 0,1 отсто во однос на октомври, додека на годишна основа се повисоки за 3,1 отсто.
Базичната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната, беше 4 отсто, што е сепак значително повисока од целното ниво на ФЕД од 2 отсто.
Овие податоци го зајакнаа уверувањето на инвеститорите дека челниците на американската централна банка нема дополнително да ги зголемуваат каматните стапки на овонеделната сесија.
Фото: Facebook











