Волстрит порасна трет ден по ред

13

На Волстрит цените на акциите синоќа пораснаа трет ден по ред, благодарение на подобрата од очекуваната корпоративна заработка и надежите на инвеститорите дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки оваа година.

Dow Jones зајакна 0,46 отсто, на 38.852 поени, додека S&P 500 порасна за 1,03 отсто, на 5.180 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,19 отсто, на 16.349 поени.

На пазарот и понатаму позитивно влијаат податоците од пазарот на трудот, објавени во петокот, кои покажаа дека бројот на вработени во САД во април пораснал помалку од очекуваното.

Раст на европските берзи
Платите исто така пораснаа помалку од очекуваното, што може да значи дека инфлацијата може да се намали во наредните месеци.

Тие податоци, кои укажуваат на „заладување“ на пазарот на труд, ги поддржаа надежите на инвеститорите дека ФЕД би можел двапати да ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од септември.

Поддршка на пазарот даваат и кварталните деловни резултати на компаниите. Досега речиси 400 компании од составот на индексот S&P 500 ги пријавиле своите резултати, при што околу 77 отсто од нив ги надминале очекувањата во однос на заработката.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,51 отсто, на 8.213 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,96 отсто, на 18.175 поени, а париски CAC 0,49 отсто, на 7.996 поени.