Волстрит порасна за повеќе од 1,5 проценти

46

На Волстрит, индексите скокнаа за повеќе од 1,5 проценти во четвртокот, најмногу во последните неколку месеци, благодарение на добрите деловни резултати на компаниите и намалувањето на стравувањата од инфлација. Dow Jones зајакна 534 поени, или 1,56 отсто, на 34.912 поени, додека S&P 500 порасна за 1,71 отсто, на 4.438 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,73 отсто, на 14.823 поени.

За S&P 500, тоа е најголемиот дневен скок од март, за Nasdaq од мај и за Dow Jones од јули.

Азиските акции пораснаа во петокот, благодарение на вчерашниот силен скок на индексот на Волстрит, но се тргуваше претпазливо, бидејќи инвеститорите се загрижени за високата инфлација и забавувањето на економското закрепнување.

Берзанскиот индекс MSCI Азија-Пацифик, без јапонски, беше зголемен за 0,6 проценти околу 19,00 часот. На берзата во Токио, индексот Nikkei скокна за повеќе од 1 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја се зголемија помеѓу 0,3 и 0,9 отсто.