Volvo го унапредува развојот на технологијата за автономно возење

27

Компанијата Zenuity ќе биде поделена на два дела меѓу Volvo Cars и Veoneer за подобро да се искористат потенцијалите од своите досегашни заклучоци.

Zenity, компанија што развива програмска опрема за компјутерски поддржано и автономно возење, ќе биде поделена на два дела. Едниот дел претставува нова самостојна компанија во сопственост на Volvo Cars, која ќе се насочи на развој и комерцијализација на програмската опрема за автономно возење без надзор. Вториот дел, под крилата на компанијата за автомобилска безбедносна опрема Veoneer, ќе се насочи во понатамошен развој и комерцијализација на напредни системи за асистенција на возачите.

Zenity е моментално заедничко претпријатие на компаниите Volvo Cars и Veoneer со еднаков удел. Под заедничка сопственост, Zenuity разви моќна платформа на компјутерска програмска опрема за напредни системи за помош на возачите и автономно возење, на која ќе се градат двата дела и која и понатаму ќе се развива.

Во согласност со договорите, работењето на компанијата Zenuity и вработените во шведски Гетеборг и кинески Шангај ќе бидат преместени во новата компанија во сопственост на Volvo Cars. Работата и вработените во единиците во Германија и САД преоѓаат под закрилата на компанијата Veoneer. Дел од компанијата Zenuity во сопственост на Volvo Cars ќе ги насочи силите во развој на програмска опрема за автономно возење без надзор, која ќе биде имплементирана во следната генерација на возила базирана на архитектурата SPA2 Volvo.

Новата компанија останува одвоена од компанијата Volvo Cars и ќе управува сопствени дистрибуциски канали.

„Компанијата Volvо Cars е одлучна во својата следна генерација на возила да воведе безбеднo, автономно возење без надзор на патиштата“, изјави извршниот директор на компанијата Volvo Cars, Хакан Самуелсон. „Сметаме дека во иднина бројот на глобални платформи за компјутерска програмска опрема за автономно возење ќе биде ограничена. И една од таквите платформи имаме намера да развиеме“, порачуваат од Volvo Cars.

Се предвидува дека новата компанија ќе започне со своето работење најдоцна во третиот квартал од 2020 година.

Преземено од Avtoplus.mk