Volvo повлекува 460.769 автомобили поради грешка

27

Volvo Cars повлекува 460.769 автомобили од старите модели ширум светот поради неисправни воздушни перничиња кои би можеле да бидат смртоносни во случај на сообраќајна несреќа.

Возилата се постари модели и тука спаѓаат моделите S80 2001-2006 и S60 2001-2009. Возилата се произведени во период од мај 2000 до март 2009 година. Повеќе од половина возила 259.383 се продадени во САД.

За да се реши проблемот, компанијата ќе ги замени воздушните перничиња без дополнителни трошоци за купувачите. Во текот на овој месец ќе ги известат сопствениците за да ги поправат возилата.