Volvo претстави нов концепт за безбедно детско седиште во автомобил

38

The Excellence Child Safety Seat Concept

Шведскиот автомобилски гигант Volvo го претстави дизајнерскиот концепт за безбедно патување на децата во нивните автомобили во иднина.

“Почнавме да се прашуваме и да размислуваме дали може да го олесниме животот на родителите и нивните деца кога станува збор за патување со детски седиште. Нашиот фокус беше ставен на три главни точки: децата да ја добијат потребната удобност при седењето во седиштето во автомобилот; обезбедување на потребната безбедност, како и постојаната можност возачот или останатите патници да го следат детето при возењето“, изјави Тиша Џонсон, извршен дизајнер за ентериери во Volvo.

The Excellence Child Safety Seat Concept

Седиштето има можност за движење, па може да се фиксира и да се постави кон задниот дел на автомобилот. Под детското седиште има голем слободен простор за неопходната опрема за деца.

Џонсон нагласува дека деца на возраст до три или четири години би требало да патуваат завртени кон задниот дел на автомобилот поради диспропорција на големината на главата и неразвиените вратни мускули кај дечињата.

Седиштето, што го носи името Excellence child seat concept, е наменето за родители кои сакаат комфорно луксузно патување за себе и за своите деца.