Volvo со рекорден раст на продажбата во втората половина од 2020 година

36

Компанијата Volvo Cars минатата година оствари највисок продажен резултат во второто полугодие од почетокот на своето постоење. Причина за таквиот раст е зголемената побарувачка за електрични возила, па тоа ѝ помогна на шведската компанија полесно да ја надмине кризата што ја предизвика пандемијата.

Благодарение на серијата на електрифицирани возила Recharge, Volvo оствари добри продажни резултати во период кога многу автомобилски брендови ги сумираа последиците.

Во Европа уделот на Recharge, во целокупната продажба на Volvo, достигна 29%. Продажбата на Volvo е зголемена за 7,4% во второто полугодие од минатата година, во споредба со истиот период во 2019 година.

Volvo лани продаде 661.713 возила во светот, што е за 6,2% помалку во споредба со една година претходно.

Фото: Pexels