Вонредна ревизија на индексот ОМБ

24

makedonska-berza

Комисијата за берзански индекс на Македонска берза, на 26-ти овој месец, изврши вонредна ревизија на индексот ОМБ.

Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација – Осма емисија (RMDEN08), Обврзниците за денационализација – Деветта емисија (RMDEN09), Обврзниците за денационализација – Десетта емисија (RMDEN10), Обврзниците за денационализација – Единаесетта емисија (RMDEN11), Обврзниците за денационализација – Дванаесетта емисија (RMDEN12), Обврзниците за денационализација – Тринаесетта емисија (RMDEN13), Обврзниците за денационализација Четиринаесетта емисија (RMDEN14) Обврзниците за денационализација – Петнаесетта емисија (RMDEN15) и Обврзниците за денационализација – Шеснаесетта емисија (RMDEN16).

Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската берза – ОМБ, Комисијата за берзански индекс одлучи во ОМБ да бидат вклучени Обврзниците за денационализација – Шеснаесетта емисија издадени од Република Македонија (со шифра на тргување РМДЕН16) и покрај тоа што не е исполнет критериумот за остварени најмалку 30 дена на тргување, од причина што тргувањето со новоиздадената Шеснаесетта емисија на обврзници за денационализација има доминантно учество во тргувањето со обврзници на Македонската берза, а со цел индексот ОМБ реално да ги прикажува движењата на цените на обврзниците.

Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од којшто ќе отпочне да се пресметува индексот по новиот состав е 29.01.2018 година.

Следната редовна ревизија на индексите е на 15.06.2018 година.