Вонредна ревизија на индексот ОМБ

20

makedonska berza zvono

Комисијата за берзански индекс изврши вонредна ревизија на индексот ОМБ на Македонска берза.

Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската берза: Обврзниците за денационализација – Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација – Осма емисија (RMDEN08), Обврзниците за денационализација – Деветта емисија (RMDEN09), Обврзниците за денационализација – Десетта емисија (RMDEN10), Обврзниците за денационализација – Единаесетта емисија (RMDEN11), Обврзниците за денационализација – Дванаесетта емисија (RMDEN12), Обврзниците за денационализација – Тринаесетта емисија (RMDEN13), Обврзниците за денационализација – Четиринаесетта емисија (РМДЕН14) и Обврзниците за денационализација- Петнаесетта емисија (РМДЕН15). – ОМБ, Комисијата за берзански индекс одлучи во ОМБ да бидат вклучени Обврзниците за денационализација – Петнаесетта емисија издадени од Република Македонија (со шифра на тргување РМДЕН15) и покрај тоа што не е исполнет критериумот за остварени најмалку 30 дена на тргување, од причина што тргувањето со новоиздадената Петнаесеттата емисија на обврзници за денационализација има доминантно учество во тргувањето со обврзници на Македонската берза, а со цел индексот ОМБ реално да ги прикажува движењата на цените на обврзниците.

Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе почне да се пресметува индексот по новиот состав е 08.07.2016 година.

Следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2016 година.