Воведување нови авионски линии од македонските аеродроми

22

Договор за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид, за период од 2015 до 2018 годиа, беше потпишан денеска меѓу Министерството за транспорт и врски и нискобуџетната авиокомпанија Визер.

“Согласно договорот, Визер во месец јуни ќе воведе директни линии за пет нови дестинации до европските градови од аеродромот Александар Велики во Скопје и тоа до: Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно. Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно. Билетитете за шестте нови дестинации ќе бидат пуштени во продажба во месец февруари“, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Оттаму велат дека со воведувањето на новите дестинации се отворија можности да се посетат арактивностите што ги нудат овие градови во делот на туризмот, културните и спортски настани, итн.

#Она што е значајно за сите граѓани е дека со воведување на овие авионски линии се зголемуваат можностите за патување и до други европски метрополи, кои до сега не беа достапни како дирекни линии и создаваа дополнителни трошоци за патниците“, стои подолу во соопштението.