Возачите на Uber во Британија добиваат статус на вработени

31

Сервисот за изнајмување автомобил со возач, Uber на британските возачи им дава статус на вработени кои ќе примаат минимална плата, што е прв таков случај во светот за американската компанија и промена на моделот на дигитална платформа во Велика Британија.

Uber објави дека сите нејзини возачи, кои во Велика Британија ги има на 70.000, ќе почнат да ги добиваат сите оние права што им следат на вработените.

Станува збор за голема промена во Uber чии возачи досега беа самостојни работници.

Оваа одлука доаѓа еден месец по изгубениот спор на Врховниот суд, којшто оцени дека возачите може да се сметаат за работници и на основа на тоа да имаат право на работничка заштита.

Судот пресуди во корист на 20-тина возачи кои сметаат дека имаат право на статус работници, со оглед на времето што го поминуваат работејќи со апликацијата и на фактот дека компанијата, меѓу останатото, ја следи и оценува нивната работа.

Во иднина возачите на Uber во Велика Британија ќе примаат минимална плата, ќе имаат право на платен одмор и ќе може да уплаќаат придонеси за пензија, во што ќе учествува и компанијата.

Фото: Pexels