Вози и слушај радио во омилениот град

25

Иако насловот не звучи чудно, сепак во овој случај станува збор за апликација, којашто ве води во виртуелна прошетка низ 53 градови ширум светот. За време на возењето, имате прилика и да слушате локално радио, додека патувате низ улиците на градот што сте го одбрале.

Зад апликацијата Drive and listen стои Еркам Секер, турски студент кој студира во Минхен. Носталгијата по родниот Истанбул го инспирирала да ја направи оваа интересна апликација.

“Ми недостасуваше возењето по мојот град, па дури и сообраќајот и секојдневната гужва, па почнав да гледам најразлични фотографии од Истанбул. Беше многу убаво да си го гледам својот роден град, но си помислив ќе биде уште подобро да слушам и некое радио во позадина, за да имам комплетно доживување“, рекол Секер.

Апликацијата нуди можност да се возите низ улиците Амстердам, Барселона, Берлин, Буенос Аирес, Чикаго, Даблин, Хаваи, Јоханесбург, Лондон, Москва…, да уживате во глетката, па дури и во бучавата што ја има по улиците, а за тоа време ќе слушате локално радио.

Фото: Drive and listen screenshot