St. John Ambulance, организација за обуки за техники на прва помош и подигање на свесноста од потребата на познавање на овие техники, повторно направи вознемирувачко, но ефективно видео. Проектот е на The Brand Agency во Перт, Австралија.
St. John Ambulance е позната по шокантните видеа, а за едно од нив минатата година беше наградена со сребрен лав во Кан. Пораката на видеото “Helpless” беше дека според статистиките, првата помош може да спаси 140.000 животи годишно, колку што има смртни случаи од рак.
Во продолжение и како е снимано видеото.