Vozzi – апликација за помош на пат

105

Фото: Vozzi

Компанијата KOV Technology од Белград ја разви апликацијата Vozii, што претставува платформа за возачи што им нуди помош на пат, но и купување на патно осигурување и поврзување со компании што нудат поволности за возачи и нивните возила, како што е сервис, продажба, гуми и слично, пишува Екапија.

Системот што стои зад апликацијата го автоматизира целиот процес, освен чинот на влечење или поправка на автомобилот. Тоа го извршуваат партнерите на компанијата, коишто потпишуваат договор за соработка и ги почитуваат стандардите поставени од компанијата.

Vozzi на своите корисници им доделува и персонализирана картичка со код за да може да се користат предностите од оваа апликација.

Апликацијата има околу 23.000 корисници, а планот е до крајот на годината да достигне на 150.000.