Вработени може да работат надвор од канцеларија два – три пати неделно

50

Индустрискиот конгломерат Siemens планира да им овозможи на над 100.000 вработени да работат надвор од канцеларија два до три пати во неделата, пишува Associated Press.

Компанијата, чие седиште е во Минхен, тврди дека актуелната корона – криза “покажа дека работата што е независна од локацијата нуди бројни предности и големи можности“.

Оваа одлука на Siemens ќе опфати повеќе од 140.000 работници на повеќе од 125 локации во 43 земји во светот, а стапува веднаш на сила. Од компанијата наведуваат концептот на “мобилна работа“ не значи дека работата од дома е задолжителна, туку вработените во консултација со претпоставените да го одберат “местото за работа каде што ќе бидат најпродуктивни“.

Фото: Freepik