Вработени вo Google во САД основаа синдикат

33

Над 220 инженери и други вработени во Google основаа синдикат, заокружувајќи го повеќегодишниот растечки работнички активизам во една од најголемите компании во светот, објави New York Times.

Формалното здружување за работнички права е исклучително ретка појава во технолошките компании во Силиконската долина, коишто се познати по силните антисиндикални ставови.

Основањето на оваа организација под името Синдикат на вработени во Alphabet, по името на матичната компанија на Google, доаѓа по сè погласните барања на вработените во Google да се преиспитаат политиките на плати, вознемирување на работно место и бизнис етика, а најверојатно ќе ги заостри тензиите со највисокиот менаџмент на компанијата.

За разлика од традиционалните синдикати, кои бараат од работодавачите да дојдат на преговарачка маса кога се прави колективен договор, овој синдикат на Google е малцински синдикат бидејќи ги застапува интересите на дел од над 260.000 вработени со полно работно време.

Синдикатот планира да се бори вработените да добијат чесна плата за својата работа и да не мораат да стравуваат од злоставување, освета на работодавачот или дискриминација.

Организиран е во тајност, а подготовките траеле скоро цела година.

Фото: Freepik