Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

27

Во периодот јануари – јуни 2015 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.959.531 илјади денари, што е за 56,8% помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 968.529 илјади денари, што е за 38,6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија, Србија, Полска, Словенија, Грција и Црна Гора.
Вредносните податоци за периодот јануари-јуни 2015/2014 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 50.5604 денари.