Вредноста на една банка што не бега од биткоин скокна 1.300%

91

Скокот на цената на биткоинот ја зголеми вредноста на калифорниска банка која прифаќа депозити во оваа криптовалута и издава заеми обезбедени со биткоини.

Акциите на Silvergate Capital скокнаа за 120 % само од почетокот на годината, додека во изминатата година се зголемија за неверојатни 1.300%.

Денес сè повеќе и повеќе инструменти за плаќање почнуваат да прифаќаат биткоин. Silvergate Capital се сврте кон биткоинот кога нејзиниот прв човек реши да ги инвестира своите пари во оваа дигитална валута, во 2013 година.

Silvergate во моментов има крипто депозити од пет милијарди долари.

Фото: Pixabay