Вредноста на криптовалутите паѓа по најавите на ФЕД

93

Најстарата и најпозната криптовалута во светот, биткоин, забележа пад од 2 % во последните 24 часа, така што цената на дигиталната паричка повторно е под границата од 40.000 долари. Во моментов се тргува по цена од 39.327 долари.

Пазарната капитализација на биткоинот е 735 милијарди долари.

Етереум, втората најпопуларна дигитална валута, забележа пад од 3% и нејзината цена во моментов е околу 2.450 долари.

Биткоинот падна вчера по сесијата на американската централна банка, кога ФЕД објави покачување на каматните стапки, со очекување на поголема инфлација.

Фото: Pixabay