Вредноста на нафтата падна под 88 долари

71

Цените на нафтата се зголемија до 89 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи трговците се фокусираа на намаленото производство во Мексиканскиот залив поради ураганот Ијан и падот на залихите, наместо на посилниот долар кој ја кочи побарувачката. Во претпладневното тргување цената е пониска за речиси 1,8 отсто.

Според податоците објавени на OilPrice.com, барел нафта од типот брент утрово се тргува по цена од 87,73 долари. Цената на WTI е 80,62 долари.

Трговците се фокусираа на приближувањето на ураганот Ијан и исклучувањето на околу 190.000 барели нафта дневно во Мексиканскиот Залив, или 11 отсто од вкупното производство во регионот, според американската Агенција за заштита на животната средина.

Падот на залихите на сурова нафта во Соединетите Американски Држави (САД) минатата недела, скромни 215.000 барели, исто така, даде поттик на цените, според владиниот извештај. Залихите на бензин исто така се намалени за 2,4 милиони барели.

Извештајот покажува и поголем обем на испораки на деривати, што сигнализира закрепнување на побарувачката. Рафинериската активност благо се намали, но нејзината стапка на искористеност од 90,6 отсто и понатаму е највисокото ниво за овој период од годината од 2014 година, благодарение на силната домашна и странска побарувачка.