Вредноста на Netflix расте, а ова се причините за таков успех

42

Акциите на Netflix на почетокот на оваа недела доживеаја нов пораст на рекордни 499 долари. Со тоа компанијата достигна пазарна вредност од скоро 219 милијарди долари.

Аналитичарот на Imperial Capital, Давид Милер проценува дека акциите на Netflix до сега пораснале за 50,2% во однос на S&P 500, а во последните 18 месеци нивните акции пораснале за 81,6% во однос на S&P 500 индексот којшто во истиот период е зголемен за 26,1%.

Успехот на Netflix е интересен за аналитичарите, а Милер наведе четири причини зошто Netflix станува се попопуларен и вреден.

Прво, ова е едно од ретките S&P 500 имиња на кое сегашната епидемиолошка состојба нема економски ефект, нивните услуги во голема мера се отпорни на рецесија. Покрај тоа, Netflix не е под закана кога станува збор за медиумскиот сектор, тој нема средства во форма на кабелска мрежа.

Коронавирусот директно ги погоди кината, но на Netflix тоа не влијае.

Конечно, тие имаа многу успех и поради тоа што значително се разликуваат од ривалот Disney +, за разлика од тој бренд Netflix има содржина од целиот свет и со самото тоа е и попривлечен на повеќе места.

Фото: Pixabay