Време е за генералка

78

На овие луѓе треба да им бидеме посебно благодарни, бидејќи нивната професија значи одржување чистота и хигиена во просториите каде што живееме и работиме. Станува збор за компании што вработуваат луѓе за генерално чистење на згради, а такви во Европската унија во 2016 година ги имало вкупно 194.000. Ваквите компании, според податоците на Eurostat, вработувале околу 3,3 милиони лица, што е 2,2% од вкупниот број на вработени во нефинансискиот сектор во економијата.

Белгија е земја во којашто од вкупниот број на вработени, 3,8% работат во овој сектор. Потоа следуваат Шпанија (3,7%) Германија (3,2%), Луксембург (3%), Франција и Финска (по 2,6%).

Од друга страна, најмал удел на вработени во овој сектор, во рамки на земјите членки на ЕУ, имаат Бугарија (0,2%), Полска, Романија и Словачка (0,5%).

Според официјалните податоци, во нашата земја во 2017 година имало 388.972 хигиеничари и чистачи. Од земјите во регионот, најмногу има во Грција (2,3 милиони вработени), а потоа следуваат: Бугарија (1,9 милиони лица), Србија (1,1милион), Хрватска (нешто над еден милион) и Босна и Херцеговина (527.378 лица).

Фото: Pixabay