Времена суспензија од котација и почеток на тргување на слободен пазар на акциите на Топлификација

24

makedonska-berza-zvono

Одборот на директор на Македонска берза, на седница одржана на 19-ти септември, одлучи акциите издадени од Топлификација АД Скопје времено да се суспендираат од котација, во траење од 30 дена, почнувајќи од 20.09.2017 година, стои во соопштението.

Исто така, Одборот на директори одлучи во текот на траењето на суспензијата со акциите издадени од Топлификација АД Скопје да се тргува на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, со цел да им се овозможи на акционерите на Топлификација АД Скопје и на инвеститорите на пазарот на хартии од вредност непречено тргување со овие акции. Тргувањето со акциите на Топлификација АД Скопје на Слободниот пазар ќе почне на 20.09.2017 година, во режим на континуирано тргување.

Од берзата ги информираат ивеститорите на пазарот на хартии од вредност дека при евентуалното тргување со акциите на Топлификација АД Скопје на Слободниот пазар на берзата, треба да ги имаат предвид настанатите промени во поглед на котацијата на друштвото на берзата и неговите обврски за известување на јавноста.