Времеплов: Како изгледал првиот трговски центар?

206

Можеме ли да си го замислиме животот без трговските центри? Одговорот е сигурно НЕ. Нивниот концепт ни овозможува на едно место да можеме да ги најдеме сите оние работи што ни се неопходни, иако често ги купуваме и оние за коишто немаме секогаш потреба. Во еден трговски центар можете да најдете облека за целото семејство, како и обувки, накит, модни додатоци, храна, апарати за домаќинство…

Идејата за трговските центри (верувале или не😊) доаѓа од САД. Southdale Richfield Shopping Mall во американската сојузна држава Минесота се смета за прв шопинг центар во светот. Изграден е далечната 1956 година или пред 64 години. Зад неговиот дизајн стои Виктор Груен, кој важи за “татко“ на сите модерни американски трговски центри.

За многумина, најубав дел од шопинг центар е неговиот средишен дел што потсетува на градски плоштад. На врвот има светларник, додека остатокот од објектите немаат прозорци и природна светлина. Причина за таквиот дизајн е тоа што ги задржува луѓето да останат многу подолго внатре.

Фото: YouTube