Времеплов: Како изгледаше првиот Facebook?

79

Една од најпопуларните социјални мрежи со којашто започнаа многу дигитални трендови и направи голема револуција во ИТ светот е Facebook.

Марк Цукерберг, Едуардо Северин, Дастин Московиц и Крис Хуџис, сите студенти на Харвард, во 2004 година го основаат Facebook.

Сè започнува на Универзитетот Харвард во 2003 година со Facemash, онлајн мрежа за студенти. Но, бидејќи Цукерберг не ги почитувал универзитетските правила, по два дена оваа мрежа била исклучена. И покрај петицијата што 450 лица, кои гласале 22.000 пати, Fasemash не била вратена во употреба. Тоа му помогнало на Цукерберг да регистрира овој URL: http://www.thefacebook.com во јануари 2004 година. Официјалното лансирање на тогашниот Thefacebook е во февруари 2004 година. Оние студенти кои се приклучиле на платформата, можеле да ставаат свои фотографии и лични информации. Популарноста на платформата доживеала голем раст, па пристап добиле и студенти од други престижни Универзитети, како што Јеил и Стенфорд. Веќе во јуни 2004 година, повеќе од 250.000 студенти од 34 училишта станале нејзини корисници. Првата реклама на тогашен thefacebook била на MasterCard.

Според Britannica, во септември 2004 година, thefaceebok го додава ѕидот (wall) на онлајн профилите на корисниците.

Во 2005 година, станува само Facebook, а оттогаш почнува и идејата за означување (tag) на пријателите на поставените фотографии. Една година подоцна, Facebook го добива полето со вести (News feed). Во 2012 година, компанијата на Цукерберг почнува да котира на берза, иницијалната јавна понуда достигнува 16 милијарди долари, а пазарната капитализација надминува 102 милијарди долари.

На нашиве простори, Facebook станува актуелен околу 2008 година, а денес веќе е секојдневие на огромен број корисници.

Фото: YouTube