Времеплов: Како изгледаше првиот лап топ?

83

Современата технологија овозможува сопствениот компјутер да го носиме секаде со себе, но тоа не било така на почетокот.

Па така, првиот лап топ бил 10 паи потежок од денешните, но и многу скап. Тежел “само“ 23 килограми, а цената му се движела од 8.900 до скоро 20.000 американски долари. Цената варирала во однос на просторот за меморија во “мега“ лап топот.

ИТ компанијата IBM во 1977 година го претстави првиот лап топ, што своевремено бил последен крик на технологијата тогаш.

Пораката од рекламата за првиот лап топ била: “Гледате во мал преносен компјутер што се вика IBM5100. Тој им помага на голем број различни луѓе да бидат многу попродуктивни во својата работа“.

Фото: YouTube/Print screen и Pexels