Врвни европски банки скратија над 80.000 работни места после кризата

26

zagrizen biznismenНамалените приходи, зголемените загуби и потребата да ги убедат регулаторните тела дека повеќе не се „преголеми за да банкротираат“, ги натераа банките низ целиот свет да го намалат бројот на вработените, пишува турски Заман.

Но, и покрај тоа што голем број показатели укажуваа дека кризата е веќе минато, 30-те најголеми банки во Европа решија да поделат околу 80.000 откази во текот на минатата година.

Иако е лош знак тоа што луѓето остануваат без работа, банките, преку комбинација на продажба на средствата и намалување на персоналот, ќе го намалат своето негативно влијание во економиите на земјите кои што се соочуваат со криза.

Експертот Антоан Моргот, главен извршен директор на компанијата Robert Walters за Европа и Јужна Америка, смета дека вработувањата во банкарската индустрија веќе никогаш нема да вратат на она ниво како во преткризниот период.

Само за споредба, 25 од 30-те најголеми европски банки, вработиле околу 252.000 вработени повеќе, што според Моргот, е „балон“ кој што се создавал во изминатите 20 години.

Најдраматичното намалување на работните места, како мерка за спас на банките, беше забележано кај шпанската банка Banko de Espana, која бројот на вработени го намали за 23%.

Она што сепак охрабрува е тоа што темпото на намалување на персоналот во банките е двојно намалено во текот на минатата година. Од друга страна, банките целосно не се откажуваат од вработувањата во неколку сеинзитивни области како што се спречување на перење пари, сајбер безбедност, внатрешна ревизија, како и ангажирање стручни лица кои треба да вршат континуиран мониторинг за да не се дозволи избувнување нова финансиска криза.