Втор бран распродажба на хотели во Грција – цени од 150 до 800 илјади евра

727

Грција е една од најзагрозените земји оваа година, бидејќи во голема мера се потпира на туризмот. Властите на сите земји, вклучително и на Грција, делумно ги отворија границите, а останаа затворени за земји каде има висок процент на заразени.

На секои 10 хотели, во просек, работат само три. Сепак, дури и тоа не им помага на некои да го задржат својот бизнис, а особено на оние кои се навикнати да примаат “високо друштво“, кое остава милиони евра во касата во хотелот.

Во Грција во моментов има втор бран на продажба на хотели, а некои хотели кои беа на продажба оваа пролет сè уште се нудат, сега по пониска цена.

Понудата е разновидна, од хотели за 150.000 евра, лоцирани на помалку популарни места како Неа Врасна, со четири соби и простран апартман, до објекти од 300.000 евра.

По таа цена, можете да се купат помали, семејни хотели на Халкидики, Крф, Лезбос, Пелопонез. На места околу Спарта, цената се искачува до 200.000 евра. За половина милион евра може да се најде имот на познатиот луксузен Санторини. Таму хотелот, на помалку од 50 метри од плажата, чини нешто повеќе од 400.000 евра. Оја се смета за најубаво место на Санторини и има само 3.000 жители. Таму на пример, луксузен хотел со апартмани со врвен квалитет се продава за “само“ 800.000 евра. Хотелот на каскадата, со базенот и погледот кон морето, наплаќаше дури 400 евра од вечер до оваа кризна година. Хотелот беше отворен 220 дена во годината, со 95% посетеност.

Фото: Freepik