Втор господин – што значи овој нов поим?

112

Издавачката куќа Merriam Webster во својот речник го додаде поимот втор господин за да ја опише улогата на сопругот на американската потпретседателка Камала Харис, Даг Емхоф.

Дефиницијата на новиот поим гласи: сопруг или машки партнер на потпретседателката или друга претставничка на висока функција во земјата.

Адвокатот Емхоф е првиот втор господин во историјата на САД, а воедно и прв еврејски сопружник во Белата куќа.

“Можеби сум прв, но нема да бидам последен“, напиша Емхоф на Twitter откако му е доделен налогот @SecondGentleman.

Инаку, поимот првпат се нашол во употреба на средината на 70-тите години на минатиот век откако е избрана првата гувернерка на некоја американска држава.

“Поимот не е нов, досега не беше доволно вообичаен за да ги исполни критериумите за да влезе во речникот“, објави издавачката куќа.

Американската потпретседателка Камала Харис и Емхоф се во брак од 2014 година.

Фото: Twitter