Вториот Belgrade Venture Forum ќе се одржи на 19 и 20 ноември

4

belgrad forum

Вториот по ред Belgrade Venture Forum, најголемиот регионален инвестициски форум посветен на финансирање на иновативни стартапи, мали и средни претпријатија и развој на претприемништво, во организација на Seven (Serbian Venture Network), годинава ќе се одржи на 19 и 20 ноември, во белградскиот хотел Метропол.

За време на форумот, во Белград ќе престојуваат преку 30 домашни и странски инвеститори со вкупно инвестициско портфолио од преку две милијарди евра. Ќе бидат присутни фондови кои инвестираат во сите фази од развојот на компаниите, од големите Intel Capital, EBRD Venture Capital Facility, до фондови кои инвестираат во стартапи и рани фази на компаниите, како Meta Group, Founders Institute, Xevin Investments, CleanTechTure, World Enterpreneurship Forum, Eleven и LaunchHub акцелераторот.

На конференцискиот дел, преку 40 говорници ќе учествуваат на панели кои покриваат теми за стартап трендови, пронаоѓање инвеститори, најнови методологии во развој на работењето, жените како стартап претприемачи, образовниот систем и примена на истражувањата во комерцијални технологии.

Belgrade Venture Forum организира и стартап натпревар, каде основачите ќе имаат единствена можност да ги презентираат своите проекти пред инвеститорите и евентуално да дојдат до нивна финансиска или некаква друга поддршка. Пријавите се отворени до 4 ноември, а претставниците на 40 најдобри компании кои ќе бидат избрани да се натпреваруваат, ќе можат бесплатно да присуствуваат на форумот.

Пријавите се отворени за компании од областа на ICT, природни науки и чисти технологии.

Повеќе информации на http://www.belgradeventureforum.org/.