Вториот глобален инвестициски самит за Македонија во октомври во Охрид

22

A93DF8FA5F00DD48A3BB4F777AB1517CМакедонија 2025 ќе биде домаќин на вториот Глобален инвестициски самит за Македонија, кој ќе се одржува од 3-ти до 6-ти октомври во Охрид.

На самитот ќе се разгледуваат стратегии за зајакнувањето на националната конкурентност со стимулирање на иновацијата, претприемништвото и трансферот на стручното знаење.

Како и минатата година така и оваа на едно место ќе се соберат високи државни претставници, светски бизнис лидери и потенцијални инвеститори во Македонија.

Настанот ќе понуди преглед на тековната економска и политичка рамка во контекстот на претпристапниот период на Македонија во ЕУ и ќе ги прикаже приоритетите за одржливи долгорочни инвестирања во инфраструктурата, транспортот и развојот на ICT инфраструктура, природните ресурси, енергијата и обновливата енергија, производството и истражувањето и развојот на човечки ресурси.

За време на истиот ќе се одржат и билатерални средби помеѓу домашните компании и странските инвеститори, како и различни видови настани за поврзување и дружење.

Првиот Глобален инвестициски самит меѓу бизнис дијаспората и македонската бизнис заедница, Македонија 2025 го организираше минатата година во Охрид. На Самитот учествуваат повеќе од 350 странски и домашни бизнисмени и високи државни претставници.