Второ извлекување од наградната игра на Кит-Го и Тера маркети

90

bed15b47-0da5-4f79-9292-46dffe18b3ff

Второто извлекување од наградната игра Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети, кое ќе се одржи на 9-ти јули во сабота, пред Кит-Го маркетот во Неготино, со почеток од 12.00 часот, ќе израдува над педесет добитници на вредни награди. Во извлекувањето ќе учествуваат летоци од 12 града, а ќе бидат доделени патувања во Прага, Виена, Истанбул и Будимпешта, летувања на Крф, Тасос и Халкидики, скутер, три велосипеди, како и 40 вредносни ваучери за пазарување во маркетите на Кит-Го и Тера.

Извлекувањето ќе биде од јавен карактер и сите посетители ќе можат да го проследат, да уживаат во настанот и да бидат дел од многуте изненадувања и промоции, а домаќин и водител на настанот ќе биде Жарко Димитроски, заштитното лице на оваа наградна игра.

Со секоја направена сметка од минимум 300 денари во Кит-Го и Тера маркетите, потрошувачите добиваат купон и леток на каса и можност да учествуваат во големата наградна игра. Летокот се пополнува со личните податоци, на истиот се лепат добиените купони, а потоа се остава во означена кутија во самиот маркет. Важно е да се напомене дека сите недобитни летоци од месечните извлекувања ќе учествуваат во главното извлекување на 1-ви октомври, каде што главната награда е автомобил Опел Астра Седан 2016.

Наградната игра на Кит-Го и Тера маркетите започна на 28-ми април годинава и се одвива во 12 градови низ државата, а учесниците ќе се натпреваруваат за голем број вредни награди. По второто извлекување на 9-ти јули во Неготино, следното месечно извлекување ќе се одржи на 20-ти август во Кочани, додека главното извлекување ќе биде на 1-ви октомври во Штип.