Вувузелата на Carlsberg само за најодговорните

57

vuvuzela carlsberg

Данскиот пивски бренд Carlsberg заедно со маркетинг агенцијата CP&B ја трансформираа стандардната вувузела со таканаречената breathalyzela.

Вувузелата е неизбежен реквизит на сите спортски натпревари, но она по што се разликува е тоа што не го испушта автентичниот продорен звук доколку тој што дува во нејзе има алкохол во себе над дозволената граница.

Од Carlsberg испратија вакви вувузели на Светското првенство во фудбал во Франција, со цел да ги поттикнат навивачите и љубителите на фудбалот да бидат одговорни кога станува збор за алкохолот.