Германскиот производител на автомобили Фолксваген (VW) во понеделникот објави дека разгледува локации за фабрики за производство на батерии во Шпанија и Источна Европа, а одлуката ќе ја објави најдоцна до средината на следната година.
Компанијата планира да отвори шест фабрики во Европа за да ја задоволи зголемената побарувачка за батерии во рамките на групата, се вели во соопштението. Две милијарди евра ќе бидат издвоени за фабриката во Салцгитер.
Овој град ќе ги обедини развојот, планирањето и контролата на производството и ќе стане европски центар на VW за батерии што ќе ги произведува за потребите на групацијата, посочуваат тие. Исто така, се планира изградба на дополнителни фабрики на локации во Шпанија и Источна Европа, кои ќе бидат објавени до средината на следната година.











