VW ја испитува иднината на Lamborghini, Bugatti и Ducati

32

Директорите и членовите на Управниот одбор на Volkswagen групацијата потврдија дека компанијата ја преиспитува иднината на Lamborghini, Bugatti и Ducati.

Volkswagen групацијата размислува околу иднината на одредени брендови од своето големо портфолио. Како што пренесуваат голем број германски медиуми, во фокусот се Bugatti, Ducati и Lamborghini. Очигледно, станува збор за марки посветени перформантни возила што изгледа е најголемиот проблем.

Менаџментот на групацијата и директорите ќе разговараат за стратегијата во ноември која има за цел да ја удвои вредноста на 200 милијарди евра. Ова преиспитување на стратегијата би можело да вклучува технолошки партнерства со веќе споменатите брендови, реструктуирање или други опции, вклучително и нивна продажба.

Според Reuters, кој добил информации од двајца неименувани директори на VW, пренесува дека компанијата мора да пресече и одлучи дали ги има ресурсите за развој на електрични платформи за овие помали брендови (во смисла на производство), додека притоа продолжува да инвестира милијарди во електрифицирање на флотата на “мејнстрим“ автомобили.

Во 2019 година Lamborghini продаде 4.554 возила, додека Bugatti продаде 82 автомобили. Вкупно 52.000 мотоцикли Ducati биле продадени во истиот период. Инсајдери од компанијата остануваат неубедени дека вреди да се инвестираат средства во електрични возила на овие брендови доколку не им се допаднат на фановите и купувачите на самите брендови.

Извршниот директор на Volkswagen групацијата, Херберт Дис, одби да ја коментира иднината на овие високо перформансни брендови, но во интервју за Reuters, потврди дека производителот има потреба да се реосмисли во ерата на електрични и автономни возила.

Гласините за тоа дека VW ја испитува иднината на Lamborghini, Bugatti и Ducati доаѓа само неколку недели откако се појави информација дека Volkswagen би можел да го препушти Bugatti на Rimac во замена за тоа Porsche да добие 49% удел во хрватската компанија.

Преземено од Avtoplus.mk