VW со ID.2all концептот го најавува новиот ЕВ

106

Концептот Volkswagen ID.2all го прикажува серискиот модел што производителот ќе го открие за европскиот пазар во 2025 година

Volkswagen ја засилува својата офанзива за доминација на пазарот на електрични возила со ID.2all, концепт кој е најава за достапниот електричен хечбек кој ќе има цена од околу 25.000 евра и кој ќе се најде во продажба од 2025 година.
Со оваа цена ID.2 ќе стане најприфатливиот и најдостапниот електричен автомобил на VW и ќе и даде адут на компанијата во битката со долгоочекуваниот Tesla Model 2 и бранот ЕВ со ниски цени што ќе пристигне од Кина во наредните години. Но, тоа што ќе има достапна цена не значи и помал квалитет и послаби перформанси. VW вели дека единствениот електромотор на ID.2 со 226 КС ќе го достигне спринтот од место до 100 км на час за помалку од 7 секунди.

ID.2all е поставен на скратена верзија на истата електрична платформа MEB што се наоѓа под секое ЕВ на VW од ID.3 до ID.Buzz, но додека верзиите со еден мотор на тие автомобили имаат свој погон на задната страна придвижувајќи ги задните тркала, распоредот на предниот мотор на ID.2 и погонот на предните тркала е поблизок до конвенционален мал автомобил со погон на внатрешно согорување. И ID.2all е мал, барем однадвор. Со должина од 4.050 милиметри, всушност е пократко од актуелното Polo, но меѓуоскиното растојание од 2.600 мм е поблиску до Golf, а VW ветува слична количина на внатрешен простор.

Потсетник на Golf 1

Пространоста не е единственото нешто што ID.2all го има заедничко со Golf. Набиениот стил на новиот ЕВ, особено дизајнот на столбот C е јасно инспириран од работата на Џуџаро на оригиналниот Golf од 1974 година, а VW откри дека ќе стане вообичаена карактеристика на другите идни Volkswagen модели.

Други истакнати дизајнерски карактеристики вклучуваат затегнати, мускулести браници кои покриваат широк колосек и тркала од 20 инчи, линија на покривот што се намалува што резултира со спортски краток заден прозорец, скриени рачки на задните врати и збир на фарови поврзани со светлосна лента што заедно со тесниот отсек на браникот долу, го дава ID.2сиот тип на пријателско лице.

Ако надворешниот стил упатува на нова ера за дизајнот на VW, тоа го прави и изгледот и распоредот на ентериерот. Актуелните ентериери на Volkswagen ID наидоа на мали критики и додека неодамнешниот фејслифт на ID.3 направи одредени напори за да ги подобри тие нешта, изгледа дека ID.2all ќе направи голем чекор напред.

Фотографиите јасно ги покажуваат обидите на VW да внесе попремиум, попријатно чувство во неговата внатрешност. Забележливи се силните хоризонтални линии и истакнатата пловечка централна конзола, а севкупно кабината на VW изгледа попријатна за корисниците.

Поголема, подобра инфозабавна технологија

Како и повеќето нови автомобили, во внатрешноста на ID.2all доминираат неговите дигитални екрани. Во преден план се наоѓа дигиталниот инструмент кластер од 10,9 инчи и вториот таблет од 12,9 инчи поставен над централниот тунел. Поголемиот е екран на допир, очекувано, но интересно е да се види дека Фолксваген го спои со ротационен контролер на тунелот во време кога многу други производители на автомобили, вклучително и BMW, кој беше пионер на концептот, се оддалечуваат од идејата. Исто така, многу важно, видливи се тврди копчиња за прилагодување на температурата лоцирани под екранот, а воланот има контроли во стил на тапан наместо непријатните копчиња чувствителни на допир што ги користат многу од денешните Volkswagen.

Графиката која прикажува дигитална анимација на ID.2all во возна состјба од големиот до помалиот екран е интересен акцент, а парот е поврзан и на други начини. Покрај модерната стандардна графика, возачите можат да изберат старомоден брзинометар и радио дисплеј во стилот на Буба или алтернатива во стилот на 80-тите што изгледа како касетофон и е усогласен со пакет инструменти што изгледа како Golf од крајот на 1970-тите.

Пространост на Golf во пакет со големина на Polo

Меѓутоа, кога станува збор за внатрешниот простор, има многу повеќе во ID.2all отколку во оригинален Golf. Со кренати седишта концептот има 440 литри багажен простор, но тој се зголемува на 1.330 литри ако ги користите преклопените задни седишта. Преклопете го и совозачкото седиште надолу и можете да носите предмет со должина од 2.200 мм. И бидејќи моторот е напред, наместо во задниот дел како кај другите модели добиени од MEB, има и огромен простор за складирање под подот на багажникот и уште едно заклучување под задната клупа за складирање на вашиот кабел за полнење.

Volkswagen вели дека батеријата може да се наполни од 10-80 проценти за 20 минути со помош на брз полнач, но не споменува дали ќе прифати повеќе од 170 kW во кои уживаат неодамна надградените ID.3 и ID.Buzz. Спомнува вграден полнач од 11 kW и тврди дека опсегот на електрично возење на WLTP е од околу 450 километри „за да може да се стигне до дестинацијата без проблеми, дури и на долги патувања“.

Продукцискиот ID.2 ќе се продава во Европа за две години од сега, но нема долго да биде најмалиот модел со ID. VW исто така планира уште попристапен ID.1 кој би можел да чини дури 20.000 евра. ID.2 е еден од 10-те електрични модели што Volkswagen ќе ги лансира во следните три години.

Преземено од Avtoplus.mk