Wall Street достигна нов рекорд

20

На Wall Street во четвртокот најважните индекси достигнаа највисоко ниво досега бидејќи инвеститорите ги чекаат дополнителните фискални мерки за поддршка, па вестите за ширење на коронавирусот во САД се ставени во втор план.

Dow Jones се зголеми за 148 поени или за 0,49% на 30.303 поени, додека S&P 500 порасна за 0,58% на 3.722 поени, а Nasdaq забележа скок од 0,75% на 14.516 поени.

Новите рекорди се благодарение на оптимизмот на инвеститорите бидејќи се очекува републиканците и демократите во Конгресот да ги усогласат ставовите околу новиот пакет фискални мерки за коишто се преговара со месеци. Од Конгресот велат дека договорот од 900 милијарди долари, кои вклучуваат и чекови од 600 до 700 долари за оние кои во кризата останаа без работа, ќе биде наскоро финализиран.

Фото: Freepik