Wall Street: Најголем дневен пад во последните три месеци

27

На Wall Street, берзанските индекси потонаа во средата повеќе од 2%, што е најголема загуба во последните три месеци, а цените на акциите продолжија да паѓаат по пораките на Федералните резерви на САД.

Индексот Dow Jones падна 633 поени или 2,05%, на 30.303 поени, додека S&P 500 потона 2,57%, на 3.750 поени, а индексот Nasdaq2, 61%, на 13.270 поени.

На почетокот на неделата, овие индекси достигнаа рекордни нивоа, благодарение на најавите за нови мерки за фискален стимул.

Цените на акциите растат со месеци врз основа на фискалниот и монетарниот стимул, но најголемата светска економија сè уште не е целосно закрепната од корона кризата.

Затоа, инвеститорите, загрижени за високите нивоа на цените на акциите, зголемувањето на бројот на новоинфицирани со коронавирусот и нееднаквата дистрибуција на вакцини во САД, вчера се решија да ги продаваат акциите, што доведе до најголем дневен пад на индексот од крајот на октомври минатата година.

Фото: Pixabay