Романскиот претприемач Виорел Крецу создаде паметен паричник со посебна заштита за картички и GPS технологија за следење, пишува Romania Insider.
Паричникот, чие име е Wallor, има посебна RFID заштита – идентификација на радио фреквенции, којашто ги заштитува бесконтактните картички од можни кражби на податоците. Wallor е опремен и со GPS, со што се следи секој чекор на паричникот. Корисникот може да го следи движењето на својот паричник преку апликација, којашто алармира доколку има поголема оддалеченост меѓу нив.
Крецу ја доби идејата за создавање на Wallor откако му бил украден паричникот во Шпанија, по што се соочил со потешкотии околу личните документи.
Во овој паричник има простор и за готовина и за кредитни картички, а негово масовно производство се очекува на средината на февруари.
Wallor беше претставен на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, на којашто доби поддршка од 22.304 долари.