Walmart го продаде својот бизнис во Велика Британија за 10 милијарди долари

45

Фото: Facebook

Walmart се повлекува од Европа, соединувајќи го својот британски супермаркет Asda со поголемиот ривал Sainsbury’s, пренесува CNN.

За возврат, Walmart ќе добие 4,1 милијарди долари во готово и 42% од акциите во комбинираниот бизнис.

Американскиот гигант ја продаде Asda за 10 милијарди долари создавајќи еден “мега продавач“ со 2.800 продавници и комбинирана годишна продажба од околу 70 милијарди долари.

Комбинацијата со Asda ќе му даде поголема моќ на Sainsbury’s во време кога се соочува со дигитални конкуренти, вклучувајќи ги и Amazon и ланецот маркети како што се Lidl и Aldi во Германија.