Walmart инвестира 1,2 милијарди долари во Кина

22

Американскиот ланец на супермаркети, Walmart вложува 1,2 милијарди долари во својот бизнис во Кина, поради зголемената конкуренција од локалните ривали и онлајн продавниците.

Компанијата планира да инвестира во дистрибутивните центри во земјата во следните две децении, со цел да ја подобри испораката на намирници, пишува CNN.
Walmart веќе има инвестирано 102 милиони долари во изградба на дистрибутивен центар за брза храна во јужниот дел на Кина со цел да им излезе во пресрет на клиентите кои во сè поголем број купуваат онлајн.
Продажниот гигант, којшто е присутен на кинеско тло уште од 1996 година, во последно време се соочува со зголемена конкуренција особено од кинеската компанија за онлајн продажба Alibaba.
Од јануари годинава Walmart има вкупно 443 продавници во Кина, коишто минатата година генерираа 10,7 милијарди долари во продажба.
Фото: Pixabay