Walmart се придружи на Microsoft во лов на TikTok

62

Американскиот гигант за малопродажба Walmart стана партнер на Microsoft  во обид да го купи Ticktok, објави CNN. Имено, популарната платформа за снимање и споделување на видео содржини се обидува да најде купувач во Соединетите држави заради затегнатите политички односи.

Малопродажниот гигант изјави за CNN дека учествува со Microsoft во преговори за евентуално преземање.

Walmart  наведува дека неговиот интерес за TikTok потекнува од начинот на којшто апликацијата ја интегрирала е-трговија и можности за рекламирање на други пазари, така што тој верува дека тоа би го подобрило неговиот пристап до потрошувачите.

“Веруваме дека нашата потенцијална врска со TikTokво Соединетите држави, во партнерство со Microsoft, би можела да ни донесе клучна функционалност и да му обезбеди на Walmart значаен начин за пристап и да им служи на потрошувачите како мулти-канал, како и да го прошириме нашиот бизнис за рекламирање”, се вели во соопштението на Walmart.

Фото: Facebook