Warka Water – кула од природни материјали што ја апсорбира водата од воздухот

59

Warka-Water-by-Architecture-and-Vision-23-1020x610

Warka Water претставува иновативен изум од којшто најголема корист ќе имаат земјите што се соочуваат со недостиг на вода.

Warka-Water-by-Architecture-and-Vision-6-1020x610

Станува збор за изум што ги користи само природните појави, како што се гравитација, кондензација и испарување и нема потреба од електрична енергија. Тој е дизајниран да биде во сопственост и со него да го управуваат локалните жители.

Warka-Water-by-Architecture-and-Vision-22-1020x610

Инспирацијата за овој иновативен начин на собирање на водата доаѓа од многу растенија и животни, коишто имаат развиено посебен систем преку којшто ја собираат водата од атмосферата и преживуваат во екстремни услови.

warka water kreiranje

Една од основните карактеристики на Warka Water е тоа што на годишно ниво во просек може да собере од 50 до 100 литри вода, а има простор за складирање на 3.000 литри вода. За конструирање на оваа кула се потребни околу 10 дена и на нејзе да работат околу 10 лица, на кои не им се потребни никакви електрични машини. Основните материјали од коишто е изработена кулата се: бамбус, коноп, метални игли и био – пластични елементи.

Warka-Water-by-Architecture-and-Vision-13-1020x610

Цената на Warka Water е 1.000 долари, а се произведува во Етиопија.

Warka Water, којшто има форма на кула, не само што ќе им обезбеди вода на жителите на руралните средини на Етиопија, туку може да се користи и како место каде луѓето можат да се собираат и да се дружат.

Членовите на тимот на Warka Water доаѓаат од Италија, Индија, Либан, САД, Велика Британија, Етиопија и Нигерија.