Waymo патентира идеја за “помеко“ удирање на пешаците

32

kola5

Фото: Waymo

Инженерите од компанијата на Google за развивање на автономни возила – Waymo патентираа идеја според којашто каросеријата на автомобилот при судир со пешак ќе стане мека, пишува Verge.

Возилото опишано во овој патент ќе ја менува флексибилноста на својата површина. Тоа би овозможило брза промена на цврстината на делот од автомобилот што удира во пешак. Ова решение би се користело во краен случај кога сензорите на автомобилот нема да успеат на време да регистрираат луѓе и да запре.

Во случај на незгода автомобилот би требало на време да препознае дека станува збор за пешак или велосипедист кој треба да удри во мек дел. Ако кон автономниот автомобил наиде друг автомобил или друга цврста бариера тогаш би требало да ја задржи својата првобитна цврстина, стои во патентот.